| Нејзините стопала зборуваат за тоа колку и се допаѓате | ||
|
|
Верувале или не, нејзините стопала зборуваат за тоа колку и се допаѓате. Најчесто со начинот на движењето и положбата на стопалата жените несвесно откриваат кои се нивните најдлабоки чувства и мисли.Истражувачите тврдат декa стапалата откриваат што тие мислат за личноста на која и се обраќаат, како и тоа кои се нивните емоции и психичката состојба. Најголемиот дел од луѓето внимаваат какви изрази прават со лицето, дел од нив ги контролираат и движењата на рацете, но најголемиот дел од луѓето немаат поим што прават со своите стопала кога зборуваат и му се обраќаат на некого. Истражувачите истакнуваат, ако момците сакаат да дознаат дали и се допаѓаат на некоја девојка подобро е да внимаваат на нејзините стопала отколку да ја гледаат во очите. Така на пример, ако жената додека зборува и се смее ги оддалечува стопалата од своето тело, или пак ги држи отворени кон вас, тогаш тоа е знак дека и се допаѓате.
Ако пак стопалата ги припива кон себе, или пак ги држи прекрстени, за додворувачот најдобро е веднаш да се повлече и да си ја побара среќата на друго место. Ова правило не важи за мажите, бидејќи тие својата сексуална привлечност ја покажуваат со положбата на главата, а не со движењето на стоплата. Сепак, неверните мажи или мажите кои лажат своите стопала ќе ги држат абнормално мирни.Обично се мисли дека луѓето кои лажат или се нервозни гестикулираат повеќе, но тоа не е точно. Истражувањето покажало и колкава важност им придаваат жените на машките чевли. Тие нема да забележат само дали чевлите кои ги носите се чисти, туку и колкава е нивната цена, каков им е стилот, и дали се совпаѓаат со вашата облека. |





































Коментари
RSS за коментарите од оваа статија.