| Близнаци од различен татко | ||
|
|
Млад Турчин кој се сомневал во верноста на својата сопруга побарал неговите синови - близнаци да бидат подложени на ДНК тест, при кој се установило дека едното од близначињата не е негово. Станува збор за редок феномен кој повеќе се поврзува со животните, а не со луѓето. Се појавува во случај ако жената во текот на менструалниот циклус произведе две зрели јајце-клетки, при што има можност и двете да се оплодат.
Ако жената за краток временски период има сексуални односи со двајца мажи, тогаш може да се случи двете јајце-клетки да се оплодат, случај на двојна бременост, и да се родат близначиња со сосема различен генетски материјал, објаснил професорот Русен Ајанек, шефот на гинеколошкиот оддел во Анкара. Откако резултатите биле потврдени во уште една лабораторија, изневерениот маж побарал развод. На мајката и било пресудено да нема право да ги гледа своите синови, таткото добил старателство над биолошкиот син, а другото детенце било испратено во сиропиталиште. |







































Коментари
:S
hahah
Ne e negova krv !
Plus zenata go izvarala mazot !
Kako moze da bide toj seuste so nea ?
RSS за коментарите од оваа статија.