| Победа на нашите ракометарки | ||
|
|
Со 32:28 македонската женска ракометна репрезентација триумфираше над Австрија во првиот бараж дуел за Светското првенство што ќе се одржи во Кина годинава. Синоќешната победа против Австрија ракометарките ја достигнаа откако беа поефикасни во второто полувреме, и ги користеа многуте грешки на противникот.
Македонија го отвори натпреварот со стегната игра, но во 13-тата минута поведе со 7:5. Вториот дел од натпреварот се играше гол за гол, а нашите ракометарки одлично ја искористија предноста на играч повеќе, кога постигнаа 11 голови. Најпрецизна беше Портјанко со 10 голови, Андреева имаше 10 одбрани. Кај Австрија Ачимовиќ постигна 10 голови. Реванш натпреварот се игра в петок во Инсбрук. |





































