A-
 A 
A+
Логин
Металург ќе го скрши мразот
Сабота, 06 Февруари 2010 11:50   
Share |
мразотЖенската екипа на Металург ќе го скрши мразот, односно таа ќе ги отвори настапите на македонските екипи во европските купови со денешниот натпревар (16.30 ч.) со словачкиот Слован Дусло во рамките на четвртото коло од Челенџ-купот.

За подобро да се подготви за овој предизвик, лидерот во домашниот шампионат беше на подготовки во Србија, каде што одигра неколку силни натпревари. Од екипата велат дека подготовките биле повеќе од корисни и им помогнале да сфатат кои делови од играта треба да ги корегираат.

Слован Дусло е искусна екипа со неколку словачки репрезентативки кои подолго време играат заедно и токму тоа што добро се познаваат е нивното најсилно оружје. Најголемата опасност за голот на Тања Андрејева ќе доаѓа од репрезентативните бекови Катарина Дубајова, Алжбета Тотова и Петра Поплухарова.

Ане Деспотовска денес нема да игра со својот тим бидејќи е повредена мора да замине на операција, но затоа во составот ќе ја има Даниела Новеска, која целосно се рехабилитира од повредата.
 

Додади коментар