| Македонија во ЕФП | ||
|
Противници на Македонија во групата Б во кфалификациите за Европското фудбалско првенство се: Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.Вчерашната ждрепка на Македонија и додели пет ривали на патот кон Полска и Украина, ко-домаќини на наредниот континентален шампионат, наместо четири како што посакуваше селекторот Мирсад Јонуз пред поаѓање во Варшава. Добивме неатрактивна група, група од која Фудбалската федерација на Македонија, финансиски, нема да се офајди кој знае колку, но затоа добивме група во која може да играме против секоја од селекциите, со кои сме се сретнале и досега, и потајно, повторно, да се надеваме на второто место и пласман во баражот иако конкуренцијата без сомнение заслужува респект. Со Русите, Ирците и Словаците имаме негативен скор во дуелите низ квалификациските циклуси за Европските и Светските првенства. „Зборнаја“ беше единствената селекција која не ни даде да „мрднеме“ во двата меча во квалификациите за ЕП 2008. Ерменија и Андора се репрезентациите во групата со кои имаме позитивен скор. Со двете репрезентации одигравме четири меча, по двапати победивме, по еднаш ремизиравме и по еднаш загубивме. |
Противници на Македонија во групата Б во кфалификациите за Европското фудбалско првенство се: Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.



































