| Станете повеќе од пријател | ||
|
|
Доколку научите да ги прочитате следните неколку знаци кај вашите пријателки имате големи шанси да станете повеќе од пријатели, можност која ќе ја пропуштите фокусирајќи се на други работи. Следат 6-те знаци дека таа сака да бидете повеќе од пријатели: Таа носи повеќе шминка и се облекува поубаво кога е со вас
Повеќе не разговара за други мажи пред вас Доколку вашата "BFF" наеднаш престане да ви ги раскажува своите романтични искуства со претходните дечковци, има голема шанса дека вие сте нејзината следна мета. Девојка која не гледа ништо повеќе во вас освен пријател на кој може да му се довери прашува за ваше мислење за секој тип што го запознала, дури и ако тоа е некој непознат што и се насмевнал на улица. Ако ненадејно престане да го прави ова, тоа е бидејќи не може да го праша типот за кој моментално е загреана. Тоа сте вие. Гледате како работи ова ? Магија :) Таа (невообичаено) брзо ви враќа на пораките
Фрустрирачки, но повеќето луге не враќаат веднаш на смс-пораките. Тие можат да бидат зафатени, или во затвор, или пак се обидуваат да го извадат паднатиот телефон во ве-це шолјата. Се случува. Па кога жена ќе почне инстантно да ви враќа на пораките, или ќе се обидува да ја продолжи конверзацијата со вас, тогаш има добра шанса дека мисли на вас и чека од вас да превземете иницијатива. Пишувањето пораки не е сигурен знак за интересираност но доколку таа покаже зголемен интерес за ова тогаш знајте дека имате шанса да го легнете во кревет вашето другарче. Продолжете со внимание, но сепак продолжете.
Таа станува чувствителна кон нештата за кои порано не и биле голема работа За жената едно од најлошите нешта кај откривањето на нејзините емоции за одреден маж е тенденцијата да стане хипер-свесна за секоја мала ситница која ја прави тој тип, и како таа може да влијае на нивната потенцијална врска. Тука посебно внимавајте мажи, бидејќи кога женските емоции ќе стапат на сцена ситуацијата станува деликатна. На пример, вашата пријателка се шегувала заедно со вас за нејзиниот вишок стомак или големите стапала, но тоа било каго сте биле само пријатели. Кога станувате нејзина симпатија или потенцијален партнер овие невини шеги ќе почнат да ја загрижуваат бидејќи ќе си помисли дека вие нема шанси да излегувате со девојка со неколку вишок килограми или големи стапала, додека во стварноста таа изгледа како фото-модел. Дури и може да си замине дома и да и се исплаче на нејзината цимерка. Нејзините другарки ви ги испраќаат препознатливите погледи Ова може да се спореди со тоа кога идат лавиците во лов, при што откако ќе го забележат пленот, тој мора да биде проценет од целата група со цел да утврдат дали е добар за конзумација ( и доволно слаб за да се совлада). Па така, слично како и во животинскиот свет, кога девојката е загреана за некој тип, таа за тоа им кажува на своите другарки, па тие ќе почнат да зјапаат во вас со цел да ве проценат и да ви дадат назнаење што ве очекува. Можеби ова произлегува од женската желба да гледаат среќни парови и среќни завршетоци. Секогаш наоѓа изговори да биде сама со вас
|



Коментари
RSS за коментарите од оваа статија.