| Работи кои таа не треба да ги знае | ||
|
|
Секој маж си има свое љубовно минато, мали ситни нешта и приватни работи кои на почетокот на врската не сака и не треба да ги открива. Дури и во подолга врска, обидете се некои работи да ги зачувате само за себе, некои работи никако не треба да ги спомнувате пред новата девојка:
Бројот на љубовници и сексуални подвизи Иако ова е една од работите со која се фалите пред другарите, прескокнете ја темата за бројот на сексуалните партнерки. Секако жените ќе бидат љубопитни, но мора баш се да им откриете. Признанијата за секс за една ноќ, авантурите и слични работи само ќе повлечат и низа други прашања. Трошоците и висината на вашата плата Доколку не живеете заедно, девојката не мора да има увид врз вашите финансии, висината на вашата плата или телефонската сметка. Доколку поради заедничкиот живот делите и исти трошоци, сепак одредени работи треба да ги задржите за себе, на пример вашата жена или девојка не мора да знае колку трошите кога излегувате со вашите пријатели или колку чини вашиот нов мобилен телефон. Семејни тајни и односот со родителите Доколку имате работа, пријатели и девојка, не мора да значи дека понекогаш немате потреба од вашите родители, било се работело за совет, финансиска помош или некоја услуга што вие ја правите за нив. Немојте да и ја кажувате на девојката секоја ситница за вашиот однос со родителите бидејќи така таа ќе имате поголема контрола над вашиот живот, што подоцна може да ви се освети. Своите слабости и стравови Ако пред девојката постојано говорите дека се плашите да одите на забар, од висина или од што уште не, таа ќе си помисли дека нема да има потпора во таков маж. Пред девојката, дури и ако не сте, глумете цврст маж. Вашите активности во бањата Голем број мажи не се срамат да разговараат за "ве-це активностите", а исто така поглемиот дел од жените овој обичај го мразат. Колку пати, кога и зошто одите во бањата, оставете го тоа за себе, бидејќи никој друг воопшто не го интересира. Тајните на вашите пријатели Некои парови редовно ги оговараат пријателите и нивните врски, но тоа не е секогаш паметно. Ако вашиот најдобар пријател ја изневерува својата девојка, а вие често излегувате со него, прашање на време е само кога тоа ќе предизвика излив на бес кај вашата партнерка. Статистика за мастурбирањето Многу мажи кои имаат редовен секс и понатаму продолжуваат со својата омилена навика, секојдневната мастурбација. Самозадоволувањето само по себе не е лошо, но спомнување на ова во текот на разговор може да предизвика компликации. Таа може да си помисли дека не е доволно добра за вас или дека вие всушност посакувате секс со некоја друга. Поклони и работи од претходните девојки Дури и ако имате полно куќа со работи кои ви ги поклониле бившите девојки, тоа не и го спомнувајте. Секој пат кога вашата моментална девојка или сопруга го види тоа ЦД, маица или парфем ќе биде во искушение да го фрли или да го скрие од вас. Причината е чиста љубомора, но која во овој случај може да се заобиколи |
