| Како да ја поканите да излезете | ||
|
|
Да се викне некоја жена на состанок е слично на барање повисока плата. Мислите дека тоа го заслужувате, но може и да останете разочарани. Еве совети кои можат да помогнат да добиете одговор "да".
Без кружење одоколу, бидете искрени и отворени Доколку сакате да излезе со вас, не вртете одоколу. Не се обидувајте прво да бидете нејзин пријател. Жените сакаат мажи кои се искрени и отворени кога се во прашање емоциите. Затоа, бидете маж и однесувајте се како маж. Не ја канете по мејл Доколку ја прашате лице во лице, па дури и по телефон, имате поголеми шанси да го чуете фамозното "да". Во прашање е момент, на кој таа треба брзо да реагира, што не е случај доколку и пишете мејл (по кој таа има време да размисли, и недај боже - да ве одбие). Гледајте ја во очи и смешкајте се Кога мажите се несигурни и нервозни, единственото што не можат да го прават е да се смешкаат и да ја гледаат во очи. Во такви ситуации, мажите обично гледаат во под, или на страна. Не го правете тоа. Доколку изгледате нервозно, може да изгледате на смотан, а на крајот ќе ја одбиете со своето однесување.Не бидете неодредени Доколку сакате да излезе со вас, не влетувајте со изјавата "Па би можеле да се дружиме некогаш". Отворено повикајте ја на состанок. Тоа ќе и покаже колку сте сериозни. Дајте и до знаење дека ја каните на состанок. Нека не помислува дека кон неа негувате пријателски чувства. Кога сакате да поканите некоја девојка на состанок, бидете самоуверени и искрени. Доколку и се допаѓате - ќе прифати. Но доколку еднаш ве одбие, не бидете наметливи. Може да се обидете повторно, но по извесен период. А и треба да знаете да процените кога е доста. |

Коментари
RSS за коментарите од оваа статија.