| Како да ја наведете на секс | ||
|
|
Без оглед на тоа дали станува збор за нова врска или една од оние „недефинираните“, за многу мажи ова е прашањето за милион долари, секако ако жената не е една од оние кои се секогаш спремни за секс. Можеби некои веќе се увериле дека фразите од типот „јас би имал секс со тебе“ не се секогаш најуспешни и дека некогаш е потребно да се вложи повеќе труд за да успеете вашата сакана да ја наведете на тркалање под чаршафите. За цела среќа, има начини и техники како мажот да испадне Казанова, а и како таа да омекне, подготвено да ги рашири нозете, возбудена и желна за секс.
Сервирајте и коктел
Повеќето жени сакаат да пијат коктели. Научете како се прават некои поинтересни коктелчиња и заведете ја - да повториме, заведете ја, а не да ја напиете по логиката дека не може да сте грди колку што може таа да е начукана. Направете и секси коктелче, да се опушти и да се чувствува посебно. Таа ќе биде импресионирана (океј, нема да падне во несвест, ама ќе и се допадне) од вашата вештина за која дотогаш немала поим.
Спознајте ја моќта на цвеќето Кога последен пат на вашата сакана и поклонивте ружа? Или уште подобро, дали било кога сте и поклониле цеќе (и не, осми март не се важи)? Можеби сметате дека цвеќето се купува само за по свадби или не се гледате во една таква расцветана акција бидејќи, нели, вие сте машко? А работите се прилично едноставни и јасни. Жените сакаат да добиваат цвеќиња. Цвеќето со својата убавина и мирис (не би претерале и со картичка со посвета, особено ако ви е прв пат) во случајот значи внимание. А секој сака внимание. Па и вие побогу би се осеќале фино ако добиете цвеќе. Океј, можеби покрај фино и малку феминизирано, ама „мислам на тебе“ моментот дефинитивно пали. Па затоа, трк до цвеќара. Големината, во овој случај, не е битна - една црвена ружа ќе заврши огромна работа.
Дајте и до знаење што се можете да направите со вашите раце Масажата може да биде многу добра предигра. И затоа, овозможете и неверојатна масажа после која ќе биде заинтересирана за уште акција. Набавите етерични масла за масажа и покажете и дека вашите раце може да ја „стопат“. Обратете особено внимание на нејзиниот врат, рамења, грб и стапала. Повремено изненадете ја со бакнежи, а дајте и до знаење и дека од неа никогаш не ви е доста. Ако жената со мажот се осеќа добро, ќе го сака уште повеќе.
Направете и оброк изненадување Рутината на правење ручек или вечера на жените може да им стане досадна. Мажот би можел да се погрижи за тоа да се сети и да ја изненади со тоа што ќе ја извади на пикник во природа, на вечера или барем да ја пречека понекогаш дома со зготвена вечера. Повремената романтика никому не му штети. А мажите после подолго време во врска имаат тенденција на заборавање дека жената треба континуирано да ја заведуваат. Значи, понекогаш е добро да се заобиколи рутината. Никој нема ништо против пригодните изненадувања. Ако е жената задоволна, и мажот ќе биде задоволен - и обратно.
|





































Коментари
RSS за коментарите од оваа статија.