A-
 A 
A+
Логин
Групен состанок
Недела, 24 Јануари 2010 13:50   
Share |
Сите имаме трема на првиот состанок и се прашуваме како ќе изгледаме, дали ќе му/и се допаднеме, да не се посрамотиме и слично. Обично се смета дека на првиот состанок, треба да излезете само вие двајцата, со цел другите да не ви пречат во запознавањето. Меѓутоа, воопшто не мора да излезете само вие двајцата, и воопшто не мора да постои некој официјален прв состанок.Имено, на многумина од нас им се случило да запознаеме некој интересен, некој кој ни се допаднал, токму на групните излегувања. Оваа личност , и наредниот пат ќе ја сретнете во група, и убаво ќе си поразговарате. Така и следниот, и следниот....Се додека некое време не посакате да се одвоите од групата и да излезете самите. Вашата врска доаѓа спонтано.

група


Значи, не мора врските да се почнуваат на начинот, прво да излегувате сами за да се запознаете подобро, па кога ќе се зближите да започнете да излегувате и заедно со друштвото, и сосема спротивниот начин е мошне добар за да се започне една врска.

Некому му одговара состанок во група, бидејќи се чувствува посигурно, поопуштено и релаксирано, знаејќи дека пријателите се тука да го поддржат ако каже некоја глупост, додека некому му е подобро да излезе само со личноста со која сака да започне врска.

Затоа, не плашете се првите неколку дена да излегувате во група, бидејќи тоа никако не може да ви го уништи состанокот туку само да ви помогне во подоброто запознавање.
 

Додади коментар