| 5 лаги со кои се служат жените | ||
|
|
Колку и да ја сакате вашата партнерка и ви е понекогаш тешко да ја погледнете вистината во очи, морате да знаете дека сите жени помалку или повеќе лажат. Тоа не се злонамерни лаги, туку едноставно некогаш сакаат да се заштитат себеси или вас.Колку и да ја сакате вашата партнерка и ви е понекогаш тешко да ја погледнете вистината во очи, морате да знаете дека сите жени помалку или повеќе лажат. Тоа не се злонамерни лаги, туку едноставно некогаш сакаат да се заштитат себеси или вас.
Сите жени лажат во одредени ситуации, па ни вашиот ангел не е исклучок. Мотивите за лагите се различни , како и самите лаги. Постојат 5 најчести лаги кон кои се склони сите жени. 1. Не сум лута на тебе Но, и те како ви е лута ! Немојте да помислите дека така лесно ќе се извлечете. Ова е една од најчестите женски лаги во врските. Станува збор за фраза која им пружа емотивна заштита на жените откако (не) намерно сте ја повредиле. Ако го заборавите нејзиниот роденден, тоа нејзе ќе ја повреди. Иако вие тоа не го доживувате како голема работа, нејзе тоа и е многу важно и ова нема така лесно да го заборави. Ќе се прави дека е се во ред, но доколку претпазливо ја посматрате, ќе ја издадат ситниците. Ве лаже поради тоа што не сака да помислите дека е премногу чувствителна или злобна. Па така, таа ќе ве нападне кога најмалку сте се надевале, бидејќи лутината врие во неа. 2. Не ми пречи доколку одиш во стриптиз бар со другарите Добивте дозвола за вистинско машко излегување кое вклучува и посета на стриптиз бар, па се фалите пред сите дека имате супер девојка. Хмм ... размислете уште еднаш. Ако нешто звучи премногу добро за да е вистинито, тогаш најверојатно и не е вистинито. На ниедна жена не и е драго кога нејзиниот маж оди да гледа други разголени жени. Оваа лага има сличности со претходната. Жените сакаат да створат слика дека не им пречи ова и дека не се љубоморни. Вистината е потполно спротивна: жените се исклучително борбено настроени кога се во прашање нивните мажи, а посебно кога станува збор за сексуални ситуации. Освен тоа, жените секогаш сакаат да се во центарот на вниманието, па тоа што ги одбравте своите другари наместо неа, не ја радува многу. 3. Моментално не сум подготвена за врска Оваа изјава во најголемиот број од случаите е лага. Можеби е речена со најдобра намера, но сепак е лага. Покрај ова обично одат и изговорите како што се: "Само што излегов од лоша врска", или "Моментално сум фокусирана на својата кариера". Mеѓутоа, вистината е многу едноставна - ако слободната девојка е барем малку заинтересирана за вас, ќе пронајде време да се најде со вас. Оваа честа лага и пропратните изговори, им служи за извлекување од незгодни ситуации. Не сака да ве повреди вас, па затоа оди одоколу. Во позадина на оваа лага се крие - не сум заинтересирана. 4. Не ми пречи што вечерва јас ќе ја платам сметката Не е вистина. Иако оваа лага не може се примени на сите жени, повеќето од нив очекуваат од мажот тој да ја плати сметката по заедничката вечера, посебно ако тој го иницирал излегувањето. Ако и допуштите да плати, таа веднаш ќе помисли дека сте скржави. Ако сте повикале девојка на состанок, би требало да се понудите вие да ја платите сметката. Доколку таа гласно одбива и негодува, пуштете ја да си плати. Но ако нејзиниот протест е благ и поради култура, секако вие платете ја сметката или во спротивно брзо ќе ви завршат заедничките излегувања или врската. 5. Ова беше неверојатно! Оваа лага влегува во сексуалната категорија. Кога една жена е во врска со маж, потполно е фокусирана на него и често е уверена дека навистина е оној "вистинскиот". Па токму поради тоа, жените често им зборуваат на мажите тоа што мислат дека тие сакаат да чујат. На пример, не е реткост жената да одглуми оргазам за да мажот биде задоволен со себе бидејќи е добар во кревет. Постојат уште неколку сексуални лаги : "Сексот со тебе ми е најдобар во цел живот", " Ти имаш најголем пенис што сум видел до сега". Ова се добронамерни лаги кои имаат улога да ја подигнат вашата самодоверба, но сепак се лаги. |



































