A-
 A 
A+
Логин
Возење на снег и мраз
Среда, 23 Декември 2009 10:53   
Share |


Имајте во предвид дека допирната површина помеѓу гумата и патната подголота е со големина на
дланка, па затоа добриот избор на зимски пневматик е многу важен.


За да возењето по снег и мраз биде безбедно треба да се држите по следниве неколку правила:

- Избегнувајте нагло свртување

- Избегнувајте нагло забрзување - забрзувањето мора да биде постепено

- Избегнувајте изненадни кочења

- Оставајте доволно растојание во однос на возилото пред вас

- Кога возите по нагорнина користете повисок степен на пренос отколку по суво време

Кочење

- За кочењето биде безбедно морате да го процените растојанието кое ви е потребно

- Користете моторно кочење во комбинација со благо притискање на ножната кочница

- Кочете постепено за да се избегне блокирање на тркалата. Ако тркалата блокираат, возилото ќе ви пролизга и ќе изгубите контрола над него. Отпуштете ја кочницата, а по тоа постепено закочете, а истовремено користете го моторното кочење

- Кога возите по удолница користете понизок степен на пренос отколку што би користеле по суво време. Така ќе го намалите ризикот од блокирање на тркалата

- Ако имате ABS тоа ќе ви помогне да го избегнете блокирањето на тркалата, но нема да влијае на прилепувањето и способноста на кочењето. Единствен начин да ги зголемите зимските перформанси на своето возило е да користите зимски гуми прилагодени на условите на патот.

Движење

За да го спречите пролизгувањето кога се движите на снег тргнете пополека и постепено забрзувајте. Доколку тркалата пролизгуваат потребно е да го префрлите менувачот во повисок степен на пренос со што се смалува силата која дејствува на тркалата и се зголемува погонската силина.

Ако имате автоматски менувач уклучете го "Winter" режимот.

Вртење на возилото

Пред да влезете во кривина забавете со цел да ја зачувате стабилноста на возилото. Вртете го воланот полека, но ако почуствувате дека предниот дел од возилото станува неуправлив тргнете ја ногата од педалот за гас и забавувајте или кочете ако е потребно. Ако задниот дел на возилото почне да занесува убрзајте за да го вратите во правец.

Во кривините возете бавно и со постојана брзина за да го избегнете занесувањето на возилото.

Преден погон

Автомобилите со преден погон имаат извесни предности во однос на оние со заден погон, посебно ако на сите четири тркала имаат зимски пневматици. Предноста е во тоа што околу 60 проценти од масата на возилото е во предниот дел што го олеснува тргањето од место. Иако тоа вас ви помага при тргање, не ви помага при застанување.

Распределбата на масата кај возила со преден погон негативно влијае на управувањето возењето во кривини. Сепак, со зимски гуми на сите тркала возењето ќе биде поудобно, а кочењето, менувањето на правец и држењето на пат ќе биде значајно подобрено.  
 

Коментари  

 
+1 #1 dragan 2009-12-27 19:53
sekoja cest za statijava!! treba site da go znaat ova!!!
Цитирај
 

Додади коментар

Рандом Статии

Жените сакаат брз секс
Бавна предигра, милување, бакнување и ...
Мажите - програмирани да снимаат
Конечно и научно докажано, и тоа во на...
Човечкото однесување е предвидливо
Најголемиот дел од човечкото однесувањ...
Squeezebox Touch
Logitech претстави уште еден нов интер...
Убавите девојки се помалку популарни
Мажите поради несигурноста и прикривањ...
Како да бидете посреќни?
Мислите дека чувството на среќа и задо...
Светлосен меч како USB меморија
Ако сте љубител на компјутерите и техн...
Ferrari 599 Hybrid
Вака ќе изгледа концепт хибридниот мод...
Како да станете неодолив шармер
Еве неколку мали совети кои многу ќе в...
Жените кои пијат црно вино-најзгодни
Жените кои пијат вино во нормални коли...
Зашто жените зборуваат? И зашто мажите не ги слушаат...
Жена која не ја затвора својата уста и...
Самотијата лоша за мажите
Најновите истражувања покажале дека ме...