A-
 A 
A+
Логин
Станете незаменлив вработен
Вторник, 22 Декември 2009 11:55   
Share |


вработен


Ја добивте работата за која одсекогаш сте сонувале и сакате тие работни денови да ви поминат со што е можно помалку стрес и помала неизвесност во врска со иднината на своето работно место. Многумина мислат дека стресот и неизвесност се просто невозможни да се избегнат кога е во прашање работата, но за среќа верувале или не, многу од тоа зависи од вас.

Најчестиот пристап кон оваа тема се сведува на изговорот дека се зависи од менаџментот. Во зависност од тоа во какво располежение е вашиот шеф ќе зависи и нивото на стрес кои вие тој ден ќе мора да го истрпите. Во зависност од тоа колку вашиот шеф ве "сака" ќе зависи вашата иднина во компанијата. Донекаде овие претпоставки се точни, на за среќа не се 100% вистинити. Голем процент зависи и од вас.

Ќе започнеме од самиот почеток во компанијата. Иако веројатно сте квалификувани за работата што сте ја добиле голема е и веројатноста дека ќе треба да научите и нешто ново во врска со новата работа. Тоа се процедури и правила специфични за таа компанија и во зависност колку добро памтите овој процес ќе потрае некое време. Она во што многу грешат е во текот на овој процес ги следат трендовите а не правилата. Што ова значи? Секоја посериозна компанија има брдо внатрешни процедури и правила кои треба да се почитуваат. Овој систем обично е поставен за да се стандардизира самиот процес и да нивото на услуги или квалитетот на производи бидат на речиси исто ниво. Секако само во идеален свет може сите процедури и правила во целост да бидат испочитувани, но ние сме сепак луѓе и знаеме да направиме грешка, па во повеќето компании само дел од процедурите и правилата во целост се почитуваат. Токму поради ова постои менаџментот кој е поставен со цел сите да работат тоа што треба и на најефикасен можен начин. Во текот на вашето учење на овие процедури и правила, бргу сфаќате дека повеќето ваши колеги не ја работат работата како што би требало. Во тој момент се наоѓате на многу важна раскрсница. Имате опција да се придружите со останатите колеги и да го работите "половично" или да научите да работите како што е потребно. Ако се придружите со колегите го прифаќате ризикот дека ќе станете како нив, и брзо станете лесно заменлива роба, бидејќи во компанијата постојат милион исти работници како вас. Ако тргнете по другиот пат, набргу ќе им дадете на сите на знаење дека сте доста сериозни во тоа што го работите и не следите трендови. Иако овој пат е подобар на долги стази, многу лесно може да се најдете во ситуација во која останатите колеги ќе ве замразат бидејќи не се вклопувате како што треба. За да го избегнете озборувањето и непријателските погледи, многу е важно да не "исправате криви Дрини" уште од самиот почеток. Луѓето не сакаат кога некој ги тера да обрнуваат внимание на нешта кои не ги работат. Обично е подобро да им посочите со свој пример. Кога е улицата секогаш чиста луѓето несвесно избегнуваат да фрлаат отпадоци надвор од кантата за ѓубре.

Иако повеќето сметаат дека нивниот шеф не е доволно квалификуван за работата која што ја извршува, морате да се помирите со фактот дека тој секогаш ќе биде тука да ви "попречува". За да се ослободите од овој стрес важно е да станете што е можно понезависни од менаџментот. Вооружајте се со знаење и искуство, и голема е веројатноста дека вашиот шеф наскоро ќе ве остави на мира, или можно е да ве пофали, дури и унапреди. Обидете се да сфатите кои се главните проблеми во работата и пробајте да дознаете кој најдобриот можен начин за нивно решавање. Некогаш вас самиот менаџмент ќе ви го насочи внимание кон тоа како некои работи мораат да се извршуваат, но за жал менаџментот ова го прави само кога ќе се случи нешто што ќе ги натера да го променат својот пристап. Ако успеете да го предвидите проблемот и што е најважно успеете да дојдете до добро решение, вашата цена на пазарот веднаш ќе порасне. Знаењето и искуството кои ќе ги стекнете во овој процес ќе ве обезбедат за било која борба што ќе ви претстои во иднина. Немојте да го помешат овој начин на работа со толку познатото "улизување" кај менаџментот. Улижувачите обично не работат ништо корисно за компанијата и за себе. Тие со својата енергија ја насочуваат кон социјалниот аспект на работата, а не на самата работа. Најважно е да вложите што е можно повеќе во себе и да се обидете да работите што е можно подобро. Она во што многу грешат е мислењето дека се што работат е само за шефот или компанијата. ОВА НЕ Е ТОЧНО. Се што ќе научите и секое стекнато искуство ве прави поквалитетни професионалци. Вашата компанија ве плаќа за вашето знаење, искуство и работа. Ако продолжите со ваков пристап кон работата набргу ќе се најдете во ситуација каде што вие ќе можете сами ќе си ја градите својата иднина и бидете одлучни за неа. Секој шеф сака луѓе околу себе кои ќе му овозможат да си ја врши својата работа со помалку стрес и проблеми. Ако го достигнете тоа ниво при што ќе можете самостојно со своето знаење и искуство да ги решавате работните проблеми, вашиот шеф за кратко време ќе ја почувстува вашата вредност ( посебно кога ќе бидете на годишен одмор ). Кога вашиот шеф ќе се навлече на вас како на кокаин, тогаш можете да барате покачување на платата, унапредување, годишен одмор итн. Секако постојат и други начини да се постигне ова ниво ( политика, улизување, пари ), но само со овој начина на работа можете да го унапредите своето знаење и доколку е потребно најдете ново работно место за кратко време.

Во кратки црти, работете на себе и многу брзо ќе ги видите плодовите од вашето работење. Доколку вас на работа не ве почитуваат и покрај вашето "црнчење", испочитувајте се себеси, земето го вашето CV во рака и тргнете во потрага на ново работно место. Среќно.
 

Додади коментар

Рандом Статии

Вистината за женските гради
Женските гради мажите ги нарекуваат со...
Megan Fox е практично девица
За сите вас кои мислевте дека сексапил...
Жените сакаат брз секс
Бавна предигра, милување, бакнување и ...
Што кажува стилот на кревање на вашата рака?
Вашиот начин на кревање на раката, гов...
Нови Reebok патики
Овие интересни Reebok патики се всушно...
Фото деструкција
Alan Sailer е човек кој во своето слоб...
Како да бидете посреќни?
Мислите дека чувството на среќа и задо...
Како мажите го поминуваат денот
Дали некогаш сте се запрашале на што г...
Машка долна облека од банани
Во настојувањето да покажат дека се гр...
Љубовна хемија
Истражувачите велат дека феноменот на ...
"Легија" во Кино Милениум
Од утре во Кино Милениум ќе започне да...
Која диета да се избере?
Многу луѓе грешат со тоа што за губење...