| Нашите ТВ станици | ||
|
|
Јас во целото мое размислување, во делот каде требаше да следува заклучок, останав со прашалник? Каде ли отиде цензурата која можеби владата треба да ја спроведува за нашите ТВ станици? Дали мислите дека се прикажува сè и сешто, особено во неприлагодно време? Почнувајќи од рекламите кои одат на ТВ, вестите, шоу емисиите, па дури и квизовите. Има дооооооолго време од кога не сум гледал нешто квалитетно да се врти по телевизијава. Гледам еден тон реклами кои прикажуваат луѓе кои се фрлаат од тераса и магично земјата се претвора во трамболина и ги остава насмеани без гребаници, гледам вести кои прикажуваат жртви како се вадат од езеро, со целосно откриен идентитет и без ни малку цензура, гледам јаки фаци како јавно ги приведуваат во државава, гледам шоу емисии од типот на Големиот Брат или квизови кои траат по 2 часа и се сведуваат на „ајде, ајде кренете ја слушлката и јавете ми се“ кажано во порно тон. Па добро бе, дали тие што ја направиле таа реклама знаат дека и деца ја гледаат, деца кои имаат фантазија и веруваат во магија? Дали вие драги читатели знаете дека едно дете се обидело да ја имитира рекламата и сакајќи да се фрли од својата тераса, за среќа било спречено од едниот од родеителите? А кога сме кај вестите, ужас! Најголемото партиско оружје! И не сакам многу да се мешам во „мизерната“ политичка состојба на оваа држава, но ве молам на што личи тоа прикажување на телата и лицата на жртвите, кои ги влечат како торби од Охридското езеро?! Па нели може да се прикаже малку почит и да се остави овие луѓе да почиваат во мир? Па нормално ли е нашите деца да гледаат мртви трупови,(со оглед дека вестите одат во повеќе дневни термини во текот на денот) и да се навикнуваат на таква глетка или во спротивен случај да им се појават трауми? Да ги спомнеме и јавните апсења на јавните личности од кои многумина потоа беа ослободени, но нивниот живот е сега уништен, поради тоа што тие се појавија на главните вести со лисици. Но на кој му е брига за тоа нели? Новинарите сеуште државата не ги удрила по џеп, па нормално тие со задоволство би го повториле истото... А сега - Големиот Брат. Јована се шета константо по танга, Радиша мастурбира врз ВЦ шољата, Карло и бута прсти на Вики во вагина, Јована му го „пуши“ средниот прст на Џорџе, Драгица е нервно растроена и буди револтно чувство кај гледачите кои едноставно посакуваат да влезат во телевизорот и да ја „задават“, Карло се соблака пиштол гол и откако ќе се рашета влегува да се тушира и слично. Сето тоа пренесено веднаш по вестите на една од нашите најгледани телевизиски станици, во емисијата „Ексклузив“, која исто така ја има неколку пати во денот, достапна за сите гледачи од сите возрасти. Не би сакал да навлегувам... Не треба да прашам ништо во врска со оваа тема нели? Се подразбира моето прашање... „Мењам жену“ исто така не би требало да остане не продискутирана емисија која кај луѓето особено помладите буди слика дека менување на жената е сосема нормално и природно. И да привршам со неколкуте млади деколтирани госпоѓици кои 2 часа шепкаат со порно тон „јави ми се, јас ќе ти дадам многу пари“... Значи воглавно се уште не сум донел заклучок на целото ова размислување. Но и да го донесам би звучел некако вака: На нашите ТВ станици нема ништо повеќе од МНОГУ политика и надвор од политичката сфера, голотии, простотилук и тотално неедукативни емисии. Би додал и еден мал П.С. на сето ова. П.С. МАКЕДОНСКИТЕ ТВ КАНАЛИ НЕ СЕ ДЕЦА И ПУБЕРТЕТЛИИ. |
Многу размислував и мислам дека редно време е да го слушнам и вашето мислење на оваа тема. Имаше доста дешавки во последно време кои ни се вртат по телевизиските станици, кои зборуваат за квалитетот на нашите ТВ станици.


































Коментари
1) Филмови: јас ги спуштам од интернет сите најнови филмови во ХД квалитет... знаеш кога ќе го има 007 или некој друг blockbuster на А1??? -Никогаш!!! А ХД квалитет којзнае кога ќе има... ДА ЖИВЕЕ ПИРАТЕРИЈАТА И ТОРЕНТИТЕ!!! :-))))
2) Вести: на интернет во секој момент ги имаш вестите од македонските телевизии и весници (ако воопшто сакаш да слушаш како Латас ти кажува дека Македонија е најдобрата земја во светот, побогата од Швајцарија, побезбедна од Ватикан...) Јас преферирам CNN и EuroNews
3) Спорт: кога има некој интересен натпревар се оди во некој кафич со френдови и таму се гледа... а исто така може да се најде некој live-stream на интернет
4) Talk-show емисии, квизови, Големиот Брат...: за мене тоа се губење време
Значи, кој е за бојкот на македонските телевизии?
RSS за коментарите од оваа статија.