| Mercedes E- Class Cabrio | ||
|
|
Mercedes откако ја подгреа атмосферата со прикажување на најновите техничко и технолошки достигнувања кај својот нов кабриолет, одлучи и официјално да го претстави пред старт на продажбата.
Новиот кабриолет од Е Класа го заменува досегашниот отворен четирисед CLK кој добро си ја одработи задачата посебно на Северно американските пазари каде уживаше голема популарност, но полека почна да заостанува. Затоа CLK оди во пензија, а конкурентите од Минхен и Инголштад, поточно BMW Серија 3 Cabrio и Audi A5 Cabrio добиваат нов предизвикувач кој место од помалата С Класа носи платформа од поголемата Е Класа. Кабриолетот според димензиите е идентичен со својот затворен брат E Класа Coupe кој послужи како основа. Но, склопливиот платнен кров, новиот капак на багажникот под кого се сокрива мекиот кров кога е склопен се тука за да ги претстават разликите. Е Класа Cabrio ги наследува сите технички решенија и безбедносни системи од купето, a на нив ги додава и новите системи AirCap, AirScarf, робусната заштита при превртување во форма на ролбари поставени зад потпирачите на задните седишта, засилувањата во рамката на предното стакло и нови воздушни перници за глава. И секако, најголемата новина, мекиот кров кој нуди извонредна аксутичка заштита благодарение на новата повеќе слојна технологија на изработка која, воедно, значително му го продолжува векот на користење. Дебелината на кровот, односно на платното изнесува 23,5 mm што претставува одлична термичка изолација па затоа Mercedes го препорачува својот кабриолет како идеално превозно средство и за во зима. Отворањето и затворањето на кровот кај Е Класа Cabrio е целосно автоматизирано. Целата операција на отворање или затворање трае 20 секунди и сето тоа може да се прави при брзини до 40 km/h. За да не дојде до оштетување на кровот при затворање потребно е во багажникот да се повлече платнена завеса која му го намалува корисниот волумен на 90 литри. Но, откако операцијата на затворање ќе заврши тогаш завесата може да се отстрани зголемувајќи го волуменот на багажникот на корисни 390 литри. Под хаубата на Е Класа Сabrio работат истите мотори како и кај купето, а лепезата на задвижувачи е составена од три дизели и четири бензинци. Дизелската понуда ги вклучува Е220 CDI со 170 КС, Е250 CDI со 204 КС и E350 CDI со 231 КС. Бензинците почнуваат од E200 CGI со 184 КС, па следи E250 CGI со 204 КС, E350 CGI со 292 КС и врвот резервиран за E500 со 388 КС. Од Mercedes најавуваат дека Е Класа Cabrio на пазарот во Европа ќе се појави на почетокот од идната година, поточно на 11 јануари 2010 кога ќе бидат објавени и цените.
|
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
class="jce_caption" />
































