| Дали млекото е здраво за вас? | ||
|
|
" Млекото е штетно за возрасните" велат подржувачите на веб сајтот "notmilk.com". Доколку го посетите овој сајт ќе најдете многу артикли против овој напиток. Во едно тврдење, на пример се вели дека млекото од кравите содржи хормони кои можат да предизвикаат рак, но млечната индустрија плаќа за да ова не се дознае. Сето ова може да ве натера да помислите пред да ја испиете наредната голтка. Нутриционистите забележале дека повеќето мажи го конзумираат млекото, било нивната цел била топење на масните наслаги или развивање мускули. За да се осигура дали млекото е безбедно, извршено е едно истражување околу оваа анти-млечна пропаганда. Како резултат од истражувањето се одговорени неколку прашања. Дали млекото помага при топењето на масните наслаги ? Можеби. Во текот на 6 месечна студија на Универзитетот од Тенеси, истражувачите забележале дека луѓето со прекумерна тежина кои имале по 3 оброка на ден од млечни производи богати со калциум изгубиле повеќе стомачно сало од оние кои имале слична диета со многу помалку млечни производи. Како додаток на ова, истражувачите откриле дека суплементите на калциум не делувале толку ефикасно како самото млеко. Зошто? Тие веруваат дека додека калциумот може зголеми брзината со која вашиот организам ги топи маснотиите, други активни компоненти во млечните производи (како што се млечните протеини) обезбедуваат дополнителен ефект за горење масти. Секако клуч на успехот е придржувањето кон добрата диета. Сепак доколку конзумирате млеко заедно со кутија крофни, секако дека нема да имате рамен стомак. Дали помага при градбата на мускулите? Секако. Всушност млекото е една од најдобрите храни на земјата која помага при развивање на мускулната маса. Околу 20 проценти од протеините во млекото се од сурутка, додека 80 проценти казеин. Ова се висококвалитетни протеини бидејќи мнопгу бргу се разградуваат во амино киселини и се апсорбираат во крвотокот. Па затоа млекото е одличен извор на протеини за конзумирање по тренингот. Казеинот, пак, се вари побавно. Па затоа е идеален за вашето тело како стабилна залиха на помали количества на протеини во подолг временски период -како што е помеѓу оброци или додека спиете. Па бидејќи млеко ги обезбедува овие два типа протеини, една голема чаша му обезбедува на вашето тело одлична подршка при развивањето на мускулната маса. Дали хормоните го прават млекото нездраво? Не освен ако не го инјектрирате млекото. Еве ја целата приказна : во 1993 година СЗО го одобрува користењето на хормонот за раст (rBGH) кај добитокот. Ова резултира со зголемено количество на произведено млеко за помали трошоци на фармерите, па и млекото се продава по попристапни цени во супермаркетите. Но исто ова донесе до контроверзии, бидејќи rBGH ја зголемува концентрацијата факторот за пораст на инсулинот (IGF), хормон кој се поврзува со ракот. За разлика од стероидните хормони кои мораат да се земаат по орален пат, rBGH и IGF мораат да се инјектираат во телото за да имаат ефект. Тоа е затоа што процесот на варењето ги уништува овие "протеински" хормони. Па така со пиењето млеко од кравите третирани со хормони не ги пренесува нивните активните форми на овие хемикалии во вашето тело. Но секако овие хормони не се добри за кравите. Канадските истражувачи откриле дека кравите на кои им се давало хормони имаат поголема веројатност да добијат инфекција наречена маститис. Што е со антибиотиците? Никој навистина незнае. Некои научници тврдат млекото од кравите на кои им се давале антибиотици води кон антибиотичка отпорност кај луѓето, правејќе ги овие лекови помалку ефективни кога ги земате поради некоја инфекција. Но ова откритие никогаш не е докажано. Ако ви е "шубе" , млеко од крави кои не биле третирани со антибиотици и хормони или селектирано огранско млеко кое може да се најде во некои супермаркети. Обезмастено или полномасно млеко ? Зависи од вашиот вкус. Веројатно ви велат да пиете млеко помал процент на масленост, повеќето научни студии покажуваат дека пиењето полномасно млеко всушност го подобрува нивото на холестерол, иако не повеќе од обезмастеното млеко. Еден недамнешен исклучок: Данските истражувачи откриле дека луѓето кои имале диета богата со полномасно млеко имале благ пораст на LDL ("лошиот тип") холестерол. Сепак, треба да се спомене дека овие луѓе пиеле по 6 големи чаши млеко на ден, невообичаено голема количина. Додека пак нивните триглицериди - уште еден знак за следење на ризикот од срцеви заболувања, се намалил за 22 проценти. Па така заклучокот е дека доколку се пијат две до три чаши млеко на ден, било со помала (2 проценти) или поголема масленост го намалува ризикот од срцеви заболувања - според Британските научници. Доколку сте на диета за слабеење обезмасленото млеко е добар начин да заштедите неколку калории. Кога се работи за градење мускулна маса, полномасното млеко би било вашиот најдобар избор кое е потврдено дека по кревањето тегови за 2,8 пати повеќе ја поттикнува синтезата на протеини, уште еден индикатор за развојот на мускулите. |


































