| Машки фризури | ||
|
Кои се најпопуларните трендови во 2010?Класичните фризури при кои се употребува уље за коса се најпопуларните фризури оваа година. Помислете на безвременските фризури на Леонардо Ди Каприо или пак на фризурата на Дејвид Бекам во последната реклама за долна облека на Армани. Во мода се фризурите каде косата се зачешлува од лево кон десно со благ преклоп на десната страна. Во мода се и фризурите каде предниот дел од косата е малку подолг и благо паѓа над веѓите, но не ги допира очите. Во кој производ треба да инвестирате во 2010 година? Истражувањата покажале дека мажите имаат прилично нездрав скалп. За да имате убава коса мора да имате здрав скалп. Затоа, производот кој морате да го имате во 2010 година е регенератор кој ќе го заштити вашиот скалп од иритација и сушење на кожата. Регенераторите ги одржуваат фоликулите здрави, ја стимулираат циркулацијата и ги зацврстуваат влакната. После миењето на косата со соодветен шампон, нанесете регенератор и оставете го да отстои 30 секунди, а потоа исплакнете ја косата.
Како да знаете кога е време да ја смените вашата фризура? Мажите кои ја следат модата обично знаат кога да го сменат својот стил на коса, и да ја усогласат формата на косата со облеката која ја носат. Па доколку го менувате вашиот стил на облекување, направете го тоа и со фризурата. Кој стил на коса треба да го изберете ако сакате вашата фризура да биде модерна и лесна за одржување? Класичните стилови на коса со патец кои ќе бидат вистински хит оваа година не бараат некое големо одржување и се сосема пригодни за на работа. Сепак, најважно од се е фризурата која ќе ја изберете да одговара на вашиот облик на лице и вашите црти. Што да направите доколку сакате да ја бојадисате својата коса? Доколку имате потреба од ова, а сакате да имате природен изглед, ова морате да го направите кај професионален фризер бидејќи ако го направите на своја рака може и да се приметува разликата, односно да ја утнете нијансата на вашата коса. Ова е малку комплицирано затоа не се обидувајте да експериментирате.
Кои славни машки личности се добар пример за следење на модерен стил на коса? Дејвид Бекам е одличен избор, кога се работи за стиловите на косата, бидејќи не само што секогаш има добра фризура, туку и не се плаши од промени и експериментирање. Ги менува своите фризури редовно и инспирира голем број мажи да го направат истото. Позрелите мажи можат да се угледаат на Џорџ Клуни или пак Ал Пачино. Исто така и Ендрју Џејмс не е лош пример за маж кој има добри фризури, особено за помладата машка популација. |




































