| Се спрема "Ноќ во музејот 3" | ||
|
Бидејќи првите два филма заработија скоро милијарда долари, воопшто не треба да се чудиме што се спрема и трето продолжение од филмот Ноќ во музејот, со Бен Стилер во главната улога. Томас Ленон кој на првите два филма работеше како косценарист, најави дека ќе го спрема текстот и за третото продолжение на оваа фантастична комедија. "Кој ќе одолее? Мислам дека е сјајна идеја да се сними и трето продолжение од Ноќ во музејот, бидејќи инспирација и идеи не ни недостасуваат." - изјави Ленон на премиерата на филмот "Pee-Wee Herman Show" во Лос Анџелес. Сценаристот вели дека и третиот дел ќе биде снимен во музејот на Либераче, и ќе биде посветен на споменот за пијанистот и екстравагантниот забавувач, Либераче. |
Бидејќи првите два филма заработија скоро милијарда долари, воопшто не треба да се чудиме што се спрема и трето продолжение од филмот Ноќ во музејот, со Бен Стилер во главната улога. 
































